Connect with us

Политика

Петрушевски за оставката на Коцевски: Се става крај на еден мрачен период, во кој Обвинителството беше перципирано како партизиран механизам

За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда.

Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт.

Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот.

Тоа е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.

Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение.

Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив.

Порака дека одговорноста е неминовна, а правдата доаѓа.

Ова не е крај, туку почеток.

Почеток на демонтажа на заробените од СДС и ДУИ институции. Дополнително, дали преку обвинител кој има некакви релации или пак директни релации, се координирале меѓусебно, додека ги штитеше криминалците од СДС и ДУИ? 

Дали затоа и чекаше оставката да биде на последниот ден кога ќе биде разрешен за да им купи време на неговите наредбодавци? Исто така, дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат преку 40 случаи на висока корупција против корумпираните функционери на СДС, ДУИ и други партии?

Почеток на вистинска, неселективна правда.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира овој момент да биде преточен во конкретни и суштински реформи кои ќе обезбедат независно, професионално и департизирано обвинителство, во интерес на граѓаните и владеењето на правото.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3