Connect with us

Скопје

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Илинден и оваа година, во соработка со општествено одговорни компании, ќе го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино.

-Во таа насока, денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, се одржа средба со македонскиот рапер и продуцент Тони Петковски, познат како Тони Зен и младиот музички артист Христијан Настески, познат како Пајак. На средбата беа разгледани можностите за тековна и идна соработка, како и нивното учество во музичката програма која ќе биде дел од новогодишните случувања, соопшти Општина Илинден. 

Новогодишниот базар ќе одржува од 26 до 28 декември и ќе понуди богата и разновидна празнична програма наменета за сите генерации.

-Покрај музичките настапи, посетителите ќе имаат можност да уживаат во празнична гастрономска понуда, топли пијалаци, детска и хуманитарна програма, дружење со Дедо Мраз, како и бројни забавни активности. Општина Илинден и понатаму останува посветена на поддршката и организацијата на културно-забавни настани, со цел да се негува празничниот дух, да се збогати општествениот живот и да се создаде пријатна атмосфера за сите жители во овој празничен период, наведува Општината во соопштение.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1