Connect with us

Хроника

Опожарено возило на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар

Скопјанец пријавил дека неговото возило било опожарено на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 1:20 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, С.Ф., на возраст од 62 години, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, опожарено било неговото патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки, појаснија од МВР.

Повредени лица немало. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Извршен бил увид и како што потенцираа од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4