Connect with us

Хроника

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена

Струмичанец бил тешко повреден, откако возилото што го управувал излетало од патот кај кавадаречкото село Марена, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 10:50 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на село Марена, Кавадаречко, патничко возило „гели“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А. (46) од Струмица, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци – соопштија од СВР Велес.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2