Connect with us

Култура

Талентирани ученици од Кочани наградени на меѓународен ликовен конкурс за сликање во Кина

Како резултат на повеќегодишна соработка на општините Кочани и Вуши, Народна Република Кина, талентирани ученици учествуваа на Меѓународниот ликовен конкурс за сликање Џиангсу – 2024.  

На натпреварот од минатата година учествуваа ученици и ментори од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Раде Кратовче“, информира Општината.

Добитник на првата награда е Илина Ангелов од Школата за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“ – Кочани, ментор – Александра Димитрова.

Добитници на втората награда се: Никола Борисов од Школата за цртање и сликање, ментор – Александра Димитрова; Михаил Русевски од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Цветанка Богданова и Андреа Коцева од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Сузана Георгиева. 

Добитници на третата награда се: Никола Глигоров од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Сузана Георгиева; Филип Зафо Зафиров и Јован Христов од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Деница Златкова; Вероника Димитровска и Анастасија Сандева од Школата за цртање и сликање, ментор – Александра Димитрова.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4