Свет
Кинеската ракета „Жукоу-3“ стигна до Орбитата, но нејзината долна платформа не успеа да се врати на Земјата
Кинеската ракета за повеќекратна употреба „Жукоу-3“ (прва од својот вид) успешно се лансираше и стигна до Земјината Орбита, но нејзината долна платформа што требаше да се спушти за повторна употреба, не успеа успешно да слета на Земјата. Ова ги остава САД како единствена земја што успешно вратила ракета од орбитална класа на лансирна рампа, објави „СКМП“ (SCMP).
Ракетата, развиена од комерцијалната вселенска компанија „Ленд-спејс“ од Пекинг, полета од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“. По достигнувањето на Ниската Земјина Орбита, делот од леталото потребен за првата фаза, којшто го обезбедува почетниот залет, се чини, изгорел во воздух пред да се врати на Земјата.
Кина вложува значителни напори за развој на технологија за ракети за повеќекратна употреба, каде што моментно доминира САД. „Спејс-Икс“ е пионер во оваа технологија, додека во ноември ракетата „Њу Глен“ на „Блу Ориџин“ стана втората ракета во светот што успешно слета по орбитална мисија. Според „Ленд-спејс“, „Жукоу-3“ е висока 66 метри, широка 4,5 метри и има платформа за прва фаза со девет мотори „Тијанве-12А“. Во режим на повторна употреба, ракетата може да носи 18 тони товар, вклучувајќи сателити со тежина до еден тон.
Структурата од не’рѓосувачки челик, којашто користи течен метан и течен кислород, е дизајнирана за најмалку 20 повторни употреби.
Ракетата „Жукоу-3“ ги заврши тестовите за полнење гориво и палење на моторот претходно оваа година, но нејзиното лансирање беше одложено неколкупати, вклучително и по инцидентот со вселенски отпад што ја погоди „Шенжоу-20“ и поттикна итно враќање на астронаутите. Причините за последното одложување во ноември не се откриени.
декември 4, 2025

