Connect with us

Вести

„Редефинирање на улогата на ИКТ во Македонија“ – отворена Конференцијата на МАСИТ “RECODE REALITY”

Над 300 учесници од државата и соседните земји, заедно со предавачи од самиот врв на ИКТ-секторот во Европа, денес во Скопје ги споделија своите знаења и експертиза за прашања поврзани со модернизација на дигиталната инфраструктура и телекомуникациите, како и за широкиот спектар на реални можности кои ги нуди вештачката интелигенција.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, изјави дека “во ИТ-индустријата, која брои скоро 3 илјади компании и околу 25,000 вработени, со просечна бруто-плата од речиси 150,000 денари, минатата година индустријата во државата има остварено приходи од над 1,65 милијарди евра, што ја потврдува нејзината зрелост, стабилност и капацитет за раст.”

Во почетниот дел на конференцијата, говор имаше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ги презентираше реформите кои ги спроведува Владата, како и насоката за развој на дигитализацијата, во која, според него, значајна улога ќе има и приватниот ИКТ-сектор во државата.

Темата на годинешната конференција Recode Reality има за цел да поттикне преиспитување на улогата на технологијата – не само како средство, туку како двигател на промени, како сила што ја редефинира економијата, институциите, образованието и општеството.

На Recode Reality како главни говорници денес учествуваа Пјетро Марини, директор за иновации на Deltatre Innovation Hub, Магда Јиану од Palo Alto Networks, како и Милош Ѓурковиќ, партнер во групацијата Amrop Serbia.

Според Комората на ИКТ-индустријата во Македонија, МАСИТ, целта за следните три години е јасно дефинирана – остварување на конкретни резултати во дигитализацијата на земјата, подобрени регулативи и силни политики за поддршка на технолошкиот сектор во соработка со државните институции.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2