Connect with us

Свет

Неизвесна трка на претседателските избори во Хондурас

Двајцата конзервативни кандидати, Насри „Тито“ Асфура од Националната партија и Салвадор Насрала од Либералната партија, водат тесна трка на претседателските избори во Хондурас, соопшти Националниот изборен совет, повикувајќи се на прелиминарни резултати.

Десничарскиот опозициски кандидат Асфура, кој е поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, беше во водство со околу 500 гласа: 39,91 отсто наспроти 39,89 проценти за либералниот кандидат Насрала. Победува оној што ќе добие најмногу гласови нема втор круг на избори, пренесе ДПА.

Владејачката левичарска партија Слобода и преосновање (Libre) со својот кандидат Рикси Монкада заостанува далеку на третото место.

Прелиминарните резултати се базирани на забрзан процес на пребројување. Изборната канцеларија сега ќе изврши соодветно пребројување на сите гласачки ливчиња за да го утврди официјалниот конечен резултат. Изборниот совет има 30 дена да го објави победникот на изборите.

Околу 6,5 милиони граѓани на оваа централноамериканска земја во неделата гласаа за наследник на левичарската претседателка Шиомара Кастро.

Според Националниот изборен совет, изборите поминале мирно со голем одѕив и покрај жестоката кампања. Затворањето на избирачките места беше продолжено за еден час бидејќи многу луѓе сè уште чекаа во ред да гласаат.

Претседателката на изборната канцеларија Ана Паола Хол во објава на X повика на „трпение и претпазливост“. „Мирната атмосфера со која се одвиваше процесот мора да се задржи до неговото завршување, до објавувањето на резултатите“.

Покрај претседател, за време на викендот беа се избираше и нов состав на парламентот и администрациите на локалните власти.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4