Хроника
Приведен неготинец, со 2,99 промили алкохол во крвта се заканувал на неговиот татко
Полициски службеници од ОВР-Неготино вчера привеле 37-годишник од Неготино, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен татко, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Синоќа во 21:35 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода 37-годишник од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани на неговиот 63-годишен татко. При преземање мерки извршено му е алкотестирање и измерени му се 2,99 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
декември 2, 2025

