Connect with us

Вести

Тошковски: Размислуваме дали примената на „Сејф Сити“ да почне од 1 јануари или 1 февруари

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарски прашања за системот „Безбеден град“ истакна дека никој нема да биде изземен од одговорност и да не се повторува црната статистика од 2024 година со 142 жртви во сообраќакјни несреќи. Посочи, дека доколку биде потребно, примената на овој систем ќе отпочне од 1 февруари, со цел да има целосна имплементација.

Доколку биде потребно, примената на овој систем ќе отпочне од 1 февруари, со цел да има целосна имплементација, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарски прашања за системот „Безбеден град“.

-Целта е од 1 јануари 2026 да се започне со имплементација. Размислуваме дали тоа да биде на 1 јануари или на 1 февруари, заради тоа што не сакаме да наметнеме решение кое нема да биде подготвено за имплементација. Можеби граѓаните ќе оценат дека е потребно уште еден месец за адаптација, можеби ќе продолжиме уште месец дена плус, со цел да го допровериме и да се осигураме граѓаните да бидат целосно запознаени, рече Тошковски.

Информира дека иззминатиот период претставници од МВР и Министерството за транспорт, заедно со сите други институции, интензивно работат на ревидирање на сите постоечки патишта низ земјава, на кои ќе бидат лоцирани безбедносните камери.

-Овој тест период којшто го имаме во овие 30 дена, е одлична можност граѓаните да се запознаат со сето она што сакаме да го имплементираме, со цел во 2026 година да немаме 142 жртви на улиците, во просек 78 на милион жители. Скандинавскиот просек е околу 20 жртви на милион жители, а европскиот просек е околу 44-45 на милион жители. Ја разбирам потребата на јавноста да ги постави сите прашања поврзани со имплементацијата на овој проект. Но треба да се има предвид дека ние сме меѓу најлошите земји во светот според бројот на луѓе загинати на улиците. Бројката од 142 жртви не е само статистика – тоа се луѓе со семејства, со деца, со родители, кои секојдневно ги губиме на улиците, рече министерот.

Тој повтори дека се ревидираат сите точки на кои ќе бидат поставени камерите и кажа дека на секоја позиција каде што ќе има камера која ќе детектира сообраќаен прекршок, тоа ќе биде претходно утврдено со ревизија – како на терен, така и согласно законската регулатива за конкретните точки. Истакна дека ќе се направи и ревизија и проверка на секој сообраќаен знак што е поставен во државата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4