Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и Заев ,,се е под контрола“, значеше дека тендерите им се под контрола, а не нешто што е од јавен интерес

СДС може да зборува за реформи и европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите, значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична легенда.

Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува, прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да го прикриеш првиот, обвини некој трет, изигравај жртва.

Така, во периодот 2019-2021 година, или златната ера на тендерските шеми на Заев и Филипче, отпишани се 2000 тони јачмен и пченица во вредност од околу 800.000 евра од стоковите резерви.

Пченицата инаку била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура.

За да се прикрие ова, се склучуваат два тендери за набавка на 20.000 тони со соседна држава за да се пополнат дупките во залихите.

Заев, Филипче и Николовски ги убедуваа граѓаните дека се е под контрола, дека се функционира професионално, но за ова трио тоа значеше само дека внимателно си ги контролираат тендерите.

И сега, како може СДС да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува?

Наместо да се оградат, СДС го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4