Connect with us

Хроника

Пронајдено безживотно тело во Вардар во близина на Градско

Екипа на Територијалната противпожарна единица  во Велес вчера  извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина Градско, по дојава што ја примиле попладнето, во 14:30 часот.

Трупот е предаден на надлежните служби. 

Информацијата ја потврди Цветанка Богоевска, јавна обвинителка на ОЈО Велес, која што информира  дека биле преземени истражни мерки, меѓу кои и за утврдување на идентитетот на трупот со обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3