Хроника
Жител на Градско лишен од слобода со 1,52 промили алкохол во крвта
Полициски службеници од Полициското одделение Чашка синоќа во 23:30 часот на улицата „Илинденска“ во населбата Чашка го лишиле од слобода 38 годишниот Н.П. од Градско.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Н.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
Како што попладнево информираат од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.
ноември 28, 2025

