Connect with us

Политика

Стојаноски: СДС го покажа вистинското лице, ги бранат судиите и обвинителите со 2 отсто доверба кои самите ги поставија

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешната 71 седница во Собранието посветена за пратенички прашања, при што првото пратеничко прашање го упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски посочи дека во изминатиот период, претседателот на Влада, Мицкоски, се соочува со критики и праќање на отворени писма од страна на јавните обвинители и судии кои сметаат дека најважната работа во реформите кон правосудството треба да биде покачувањето на нивните плати. Дополнително, Стојаноски истакна дека во нивна одбрана застанале и оние кои директно ги наместиле таму, кои пред 15-16 месеци од собраниските клупи ги предложуваа, се тепаа да ги именуваат и ги именуваа и токму истите тие кои изминатите седум години беа еклатантен пример за недомаќинско работење добиваат заштита токму од оние коишто сега ревносно ги бранат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

„Кој е вашиот став како Влада по однос на реформите и добро е да се објасни колку средства од Буџетот се издвојуваат за да овие луѓе коишто ве критикуваат, ви праќаат отворени писма и ете земаат плати, затоа што не сметам дека тоа е некое прашање коешто треба да се игнорира како што тие бараат. И на крајот од денот прашањето е какво покачување сте припремени вие како Влада да им испорачате на нив, нормално земено низ призма на тоа какви резултати испорачуваат и тие, и колку граѓанството е задоволно од нив?“, праша Стојаноски.

Второто пратеничко прашање, Стојаноски исто така го адресира до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и кажа дека во Собранието во моментот е актуелно носењето на Буџетот за 2026 година и дека веќе 11-ти или 12-ти ден дебатираат на Комисијата за финансирање и буџет и истакна дека опозициската СДС има припремено само 3-4 тези кои ги изнесуваат човекот број 2 во Владата на Заев и Ковачевски, човекот којшто е одговорен за економски политики, зборуваат луѓе коишто 7 години една шајка не заковаа, ниту еден километар автопат, којшто е автохтон проект не го почнаа, а камоли да го завршат, често се спомнува за капиталните инвестиции, при што го постави прашањето:

„Што македонските граѓани и Република Македонија ќе може да се надева на завршување или отпочнување на нови капитални проекти за 2026 година, бидејќи стратегијата на СДС е јасна, да се создаде некоја магла во јавноста и да се дебатира на еден начин што направивте вие, што направивме ние. Не сметам дека тоа е соодветен начин за трудот којшто оваа Влада го вложува и за проектите коишто ги испорачува кон граѓаните. Така што, добро е ете да се одговори на една ваква сцена за капиталните проекти коишто според мене се и една движечка сила на македонската економија, но и она коешто е поважно тоа го споменуваат и во економските извештаи и релевантни институции како Европската Комисија“.

Стојаноски, третото пратеничко прашање го упати кон министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, при што истакна дека изминатите денови во Собранието, еден лик сака да се претстави како спасител на македонското земјоделие како небаре да не беше некој што 6 години беше министер за земјоделие и неколку години вицепремиер за добро владеење, и секојпат кога Трипуновски не е во Собрание, бидејќи тоа не го дозволуваат деловничките можности или минатиот пат кога Трипуновски бил на пат, ја користи приликата да напаѓа, знаејќи дека нема кој соодветно да му одговори. А денеска кога Трипуновски е во Собрание, можеше повторно истите прашања да му ги постави како и минатиот четврток кога беше Седницата за опозициски пратенички прашања, а тој човек денес не дојде да ги постави тие прашања, при што Стојаноски го постави следното пратеничко прашање:

„Јас сметам дека тука еве треба да се одговори на следново прашање, неколку лица се осомничени за примање поткуп меѓукои и директорот на Платежната Агенција, токму тој господин вели дека истрагата треба да се прошири и сметам дека е една лага којашто на никого нема да му донесе добро, а најмногу ќе и одмогне на нашата држава, а тоа е дека Брисел ги стопирал средствата за ИПАРД фондовите и затоа сметам дека треба да се даде можност вие како министер за земјоделие да одговорите на ова прашање така да прашањето кон вас е кој е вашиот коментар во однос на овие тврдења од страна на тој лик?“

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2