Connect with us

Хроника

Велосипедист повреден во сообраќајка кај струшко Враништа

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода со автомобил на регионалниот пат Струга – Дебзр, кај селото Враништа, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 13 часот и 15 минути на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од селото Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од Р.Ш.(65) од селото Враништа, струшко.

Во несреќата, како што е наведено, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

На местото, бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1