Connect with us

Хроника

Жителка на Липково измамена за 165.000 денари за наводно вработување во Швајцарија

Дваесет и четиригодишна жителка на Липково, пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од жител на таа општина за вработување во Швајцарија. Откако му ги дала парите, таа веќе не можела да стапи во контакт со него.

– Вчера во 14:30 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од Р.М. од село во Општина Липково за сума од 165.000 денари. Според пријавеното, во август 2024 година Р.М. се понудил да и помогне за добивање работа во Швајцарија и побарал пари. Откако во декември 2024 оштетената му ги дала парите, повеќе не можела да стапи во контакт со него, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2