Connect with us

Регион

Бериша со нов протест пред владата: Поддржани сме од целиот свет во борбата против злото

Ќе ја продолжиме битката до соборување на нарко-диктатурата во нашата држава. Ја имаме поддршката  од целиот свет во борбата против ова злото, порача лидерот на албанските опозициски демократи, Сали Бериша,  од вечерашниот протест пред владата во Тирана.

-Демократите и опозицијата не се сами во својата борба со злото, туку имаат поддршка од луѓето што ја сакаат слободата и вистината, низ целиот свет. Времето го повикува секој млад Албанец да се спротивстави за да ја спаси земјата од оваа вистинска катастрофа во која потонува, рече Бериша.

Тој обвини дека нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската, што е срам за секој Албанец, споменувајќи ја при тоа  и штетата предизвикана од невремето и поплавите што последните денови ја зафати земјата.

-Ние сме единствената земја во светот што во период од седум години потроши 400 милиони евра за согорување на отпад во Тирана, Фиер и Елбасан. Денеска не постои ниту еден од нив, рече Бериша, објави АТА.

Бериша предупреди дека повторно ќе се соберат пред кабинетот на премиерот, сè до заминување, како што рече, на „крадците од владата” при тоа споредувајќи го премиерот Еди Рама со Мадуро кој ги украл изборите во Венецуела.

-Не го одбравме ова место залудно. Секој од вас треба да знае, потребни се жртви. Ќе се собереме тука, ова е наш плоштад, ова е плоштад на слободата. Ќе ја ослободиме и таа зграда. Дојдовме тука да застанеме против непријателот. Дојдовме тука никогаш да не го напуштиме овој плоштад без победа. Секој Албанец мора да знае тука дека овој плоштад, оваа говорница ја исполнува својата мисија само кога Албанците ќе ги отстранат овие крадци од владата, кои ја ограбија и уништија Албанија, посочи Бериша.

Тој рече дека пристигнал од  Бразил каде учествувал на Конгресот на CDI и бил избран за  потпретседател на најголемата унија на партиите од десницата нарекувајќи го “чест за демократите и нивната жртва”.

Протестот кој е втор по ред од серијата најавени, заврши мирно, со слаба присутност. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1