Connect with us

Хроника

Неготинец лишен од слобода, по пријава дека ја нападнал сопругата

Неготинец бил лишен од слобода, по пријава дека ја нападнал сопругата, се заканувал и кршел по дома, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Синоќа во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино, лишиле од слобода 54-годишен маж од Неготино, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга, се заканувал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4