Connect with us

Регион

Откриени над 200 украдени возила во Грција во рамките на европска операција за борба против организираниот криминал

Вкупно 231 украдено или возило со фалсификувани податоци и документи, било откриено во Грција во рамките на заедничката европска операција со учество на 23 земји меѓу кои и нашата за борба против организираниот криминал што таргетира кражби на возила.

Од грчката полиција соопштија дека заедничката оперативна акција „Joint Action Day (JAD) Mobile 8“ била спроведена во периодот од 20 до 31 октомври 2025, под координација на FRONTEX, во соработка со грчките, германските, шпанските и полските власти, со учество на полицајци од ЕУ и трети земји, а низ цела Европа биле откриени вкупно 462 украдени или фалсификувани возила, двојно повеќе од лани, а половина од пронајдените возила се во Грција.

На грчка територија биле спроведени интензивни контроли на возила и лица, како на надворешните граници на земјата, така и во внатрешноста, односно во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун, Килкис, во регионите Фтиотида и Тракија и на трите гранични премини со Албанија.

Во акцијата учествуваа и држави од Европската унија, меѓу кои: Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Холандија, Италија, Летонија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија и Шведска, трети земји, односно Албанија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Швајцарија, како и Еуропол и Интерпол.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1