Хроника
Кумановец фалсификувал диплома за да се вработи во јавно претпријатие
Педесет и пет годишен кумановец кривично ќе одговара, бидејќи фалсисфикувал диплома, соопшти денеска полицијата. Тој фалсификувал диплома од средно училиште за да аплицира и да склучи договор за вработување на неопределно време во јавно претпријатие Куманово.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време, наведува МВР.
ноември 19, 2025

