Хроника
Жител од Струшко со 1,64 промили алкохол во крвта управувал автомобил
Педесет годишно лице од струшкото село Франгово со 1,64 промили алкохол во крвта управувало патничко моторно возило, полицијата го исклучила од сообраќај, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 15 часот и 20 минути на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода С.М.(50) од селото Франгово.
– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, појасни портпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ноември 19, 2025

