Connect with us

Хроника

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Тирана

Албанската полиција синоќа уапсила македонски државјанин баран со меѓународна потерница, кој од страна на Основниот суд во Куманово бил осуден за „фалсификување монети“.

„По последователните операции за апсење на граѓани барани со меѓународна потерница, припадниците на Дирекцијата на специјалните оперативни сили го уапсија лицето Н.С.(36) од Северна Македонија. Уапсениот е баран со меѓународна потерница издадена од македонските власти за „фалсификување монети“, за што бил осуден на две години затвор, стои во полициското соопштение.

Според истиот извор Н.С. го барала и албанската полиција поради кражба во пристанишниот град Драч.

Интерпол Тирана, во соработка со македонските власти ќе ги спроведе постапките за негова екстрадиција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3