Connect with us

Свет

Израелскиот министер за стратешки прашања, Дермер поднесе оставка

Израелскиот министер за стратешки прашања, Рон Дермер поднесе оставка. Тој беше именуван на функцијата кон крајот на 2022 година, а претходно беше амбасадор на Израел во САД.

Дермер е близок доверлив човек на премиерот Бенјамин Нетанјаху и имаше во преговорите за завршување на војната во Појасот Газа.

Тој, во писмото испратено до Нетанјаху, наведува дека се обврзал кон своето семејство да не остане на министерската функција повеќе од две години, но оти двапати го прекршил своето ветување.

Дермер првпат го продолжи мандатот во јуни, како што наведе за да соработува со премиерот Нетанјаху за „елиминирање на егзистенцијалната закана што ја претставуваат воените нуклеарни капацитети на Иран“. Подоцна одлучи да остане министер за да учествува во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на израелските заложници во октомври.

– Не знам што да очекувам во иднина, но знам со сигурност дека ќе продолжам да придонесувам за иднината на еврејскиот народ, истакнува Дермер во писмото.

Дермер е познат и по тоа што преговарал и со администрацијата на Доналд Трамп и со арапските земји за прекин на огнот во Појасот Газа.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4