Вести
Меморандум за соработка меѓу ПИОМ и Агенцијата за национална безбедност
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) Никола Мемов и директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски потпишаа Меморандум за соработка.
Како што соопшти ПИОМ, со меморандумот се уредува начинот на соработка помеѓу двете институции, како и размената и заштитата на податоците кои се потребни за спроведување на законските надлежности од делокругот на работата на Агенцијата.
-Во фокусот ќе биде размена на три сета на податоци со кои располага Фондот, преку авторизиран пристап и максимална безбедносна заштита на истите, соопшти ПИОМ.
Директорот на Фондот, Мемов, ја поздравил и истакнал дека е многу оправдана иницијативата на директорот на Агенцијата, Христовски, за потпишувањето на Меморандумот, затоа што тој „ќе придонесе во олеснувањето на комуникацијата и соработката помеѓу двете институции“.
-Сметам дека остварувањето на надлежностите на Агенцијата е од големо значење за безбедноста и иднината на нашата држава и во таа насока соработката на сите нивоа е неопходност, истакнал Мемов.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност посочил дека потпишувањето на документот е од исклучително значење, бидејќи, како што истакнал, нивната работа „подразбира создавање информација, што значи потреба од собирање на податоци од најразлични извори“. Тој додал дека овој вид податоци им помагаат во подобрувањето на работата на Агенцијата и остварувањето на нивната задача.
-Мемов и Христовски се согласија дека соработката помеѓу инсититуциите е од исклучително значење за безбедноста на државата и оневозможување на какви било закани, соопшти Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
ноември 8, 2025

