Connect with us

Култура

Гевгелиската библиотека ја објави книгата „Одблесоци на сонот“ – збирка раскази и есеи од ученици од Општината

Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, а во рамки на манифестацијата Гевгелија – Град на културата за 2025 година, деновиве од печат излезе изданието „Одблесоци на сонот“ – збирка со наградени книжевни творби од учениците во основните и средното училиште во Општината и учесниците во работилниците за креативно пишување во периодот од 2022 до 2024 година, соопштија од Библиотеката.

Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи кои во овој период биле испратени на литературните конкурси распишани од ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, реализирани во соработка со наставниците од сите основни училишта и професорите од средното училиште во Гевгелија.

-Овие конкурси ги опфаќаат творбите кои беа наградени на годишниот конкурс по повод „Месец на книгата“, како и расказите кои произлегоа од одржаните работилници за креативно пишување во 2023 и 2024 година во организација на библиотеката, се наведува во соопштението.

Промоцијата на збирката ќе се одржи на 3 ноември 2025 во во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, а во неа ќе учествуваат ученици кои се дел од Драмската секција за деца и младинци при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“ – Гевгелија. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг