Connect with us

Култура

„Вечното ехо на Бадев“ – концерт посветен на легендата на македонската народна песна

Музичко патување исполнето со емоции, традиција и почит кон македонскиот музички идентитет ќе понуди концертот „Вечното ехо на Бадев“, посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна, Никола Бадев.

Неговите песни, кои со децении го пренесуваат духот и емоциите на македонскиот народ, ќе оживеат преку автентични и современи интерпретации, потсетувајќи на трајната вредност на неговото музичко наследство и на местото што неговиот глас го има во македонската културна меморија.

На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамблот „Танец“, заедно со истакнати домашни музички и вокални изведувачи, придружувани од оркестарот на ансамблот. Тие ќе ги изведат најпознатите песни од богатиот опус на Бадев, во вечер посветена на зачувувањето и афирмацијата на македонската народна музика.

Концертот „Вечното ехо на Бадев“ претставува омаж на уметникот чии интерпретации оставија длабока трага во македонската музичка традиција и чие творештво продолжува да ги поврзува генерациите.

Ad
Ad