Вести
Мемов: Обезбедени речиси еден милион долари за почеток на дигитализација на архивата на ПИОМ
 
																								
												
												
											Во рамки на СИАП проектот што се реализира преку Светска банка, обезбедени се речиси еден милион долари за почеток на дигитализација на архивата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ).
Како што информира денеска директорот на Фондот Никола Мемов пред членовите на Управниот одбор, покрај редовните активности во изминатиот период, потпишани се и два меморандума за соработка, едниот со „Промедика Офталмологија“, „Систина Офталмологија“ и Сојузот на здруженијата на пензионерите, а вториот со Комората на извршителите и Министерството за правда. Со првиот Меморандум, според Мемов, пензионерите добиваат одредени поволности во заштитата на нивното здравје, а вториот ќе придонесе за зголемување на ефикасноста во работата на Фондот, бидејќи досега институцијата трошела ресурси и луѓе за спроведувањето на налозите од извршителите.
Претседателктата на Управниот одбор, Јасмина Вукичевиќ ги поздрави преземените активности кои, рече, позитивно ќе влијаат врз пензионерите и нивните животи.
-Особено ме радува фактот што архивата на Фондот ќе биде дигитализирана во наредниот период, со што ќе се обезебди базата на податоци и истата ќе биде заштитена, а ќе се модернизира и работата на Фондот во овој сегмент, рече Вукичевиќ.
Членот на Управниот одбор, Станка Трајкова, нагласи дека Меморандумот потпишан со „Промедика Офталмологија“, „Систина Офталмологија“ ќе овозможи пензионерите од целата држава да остварат погодности во прегледи, третмани и оперативни зафати, бидејќи досега имало соработка, но само за пензионерите од одредени градови.
-Оваа активност на Фондот покажува дека Фондот се грижи за пензионерите и таа грижа не завршува со издавањето на решението за пензија, истакна Трајкова.
Управниот одбор на денешната 23. седница разгледа повеќе информации од информативен карактер за состојбите во Фондот во 2024 година и 2025 година, меѓу кои Информации за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија во 2024 година и шест месеци од 2025 година, Информации за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за дневен престој на корисниците на пензија во 2024 и шест месеци од 2025 година, потоа Информација за вкупниот капитал кој Фондот го стекнал по основ на трансформација на претпријатијата со општествен капитал, како и Информација за состојбата на имот од стечајни постапки во кој е вклучен Фондот.
Членовите на Управниот одбор го разгледаа и Извештајот за степенот на реализација на активностите во I, II и III тримесечје од Програмата и планот за работа на Управниот одбор на Фондот за 2025 година, при што беше констатирано дека реализацијата тече согласно предвиденото.
октомври 30, 2025
 
											 
											 
											 
								 
								

 
								 
										 
										 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										 
									 
										