Connect with us

Култура

Објавен англискиот превод на научнофантастичната новела „До_адната книга“ од Стефан Марковски

Научнофантастичната новела „До_адната книга“ од Стефан Марковски во превод на англиски јазик е објавена на Амазон, Bookshop.org, Palace Marketplace, Odilo, cloudLibrary, Borrow Box и на други книжевни платформи.

Како што соопшти Современост.мк, книгата со апсурдистичко-сатирични и експериментални книжевни елементи на македонски јазик беше објавена минатата година. 

-Новелата, со англиски наслов The Bo®ing Book: A Sci-Fi Satire about the Art of Whatever Meaning Can Be, има динамично дејство кое се развива низ повеќенасочна, сложена и нелинеарно структурирана композиција, подлегнувајќи на постојани и тешко предвидливи пресврти, кои освен што ја одразуваат повеќеслојноста на самата реалност, ја наоѓаат својата улога и како дел од експериментот кој е и централна тема. Една од главните области на овој истражувачки експеримент е развивањето спефицични облици на вештачка интелигенција чијашто цел, покрај другото, е и проучувањето на досадата, наспроти афинитетите и допаѓањата, со цел подлабинско и посеопфатно разбирање на човекот и човечкото преку уште една негова одлика. Книгата е достапна во печатена и електронска верзија, како и Киндл формат, се наведува во соопштението. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг