Connect with us

Култура

Премиера на „Диџеј Ахмет“ на јубилејното 20. издание на Македонскиот филмски фестивал во Торонто

Во киното „Карлтон“ во Торонто, Канада, викендов се одржа јубилејното 20. издание на Македонскиот филмски фестивал, на кој беа прикажани повеќе документарни, краткометражни и долгометражни остварувања од македонската кинематографија.

Во фокусот на овогодинешното издание бил филмот „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски, кој раскажува за петнаесетгодишно момче од јуручко село во Македонија, што преку музиката се обидува да се ослободи од очекувањата на семејството, заедницата и првите љубовни искуства.

На Фестивалот публиката имала можност да ги погледне и филмовите „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, „Џон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски – првиот македонски анимиран долгометражен филм, како и документарниот филм посветен на истражувачот на народното творештво Васил Хаџиманов „Фениксот од Кавадарци“.

На програмата биле вклучени и краткометражни филмови со современа тематика, како „Избор“ во режија на Марко Црногорски, кој обработува прашања за личната слобода и моралните дилеми, како и акционата комедија наменета за помладата публика. „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец.

Фестивалот ќе биде затворен со проекцијата на „Мојот летен распуст“, приказна за детството, планините и слободата, низ погледот на 8-годишниот Басри и неговите браќа овчари. 

Според организаторката на фестивалот Вирџинија Еванс, оваа филмска смотра претставува „мост меѓу дијаспората и татковината“ со цел промовирање на македонската култура во Канада. – Атрибутот „македонски“ му дава посебна егзотика и топлина на фестивалот. Тој е доказ дека културата нè поврзува, без разлика каде живееме, вели Еванс.

Посетителите ја поздравија можноста да се запознаат со новите тенденции во македонската кинематографија, нагласувајќи дека фестивалот претставува важна платформа за културно обединување и размена на идеи меѓу авторите и публиката.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг