Connect with us

Култура

Драмски театар со претставата „Кармен“ на фестивал во Анкара

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје в петок (24 октомври) ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025, кој се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција.

-Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организаци од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи театарските претстави и останатите фестивалски настани на повеќе сцени низ Анкара, соопшти Драмски театар. 

Со монодрамата „Кармен“, во која насловниот лик го игра Биљана Драгичевиќ-Пројковска, ДТС учествувал на  меѓународни фестивали  во Грузија, Молдавија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Албанија, како и на десетина гостувања во нашата земја.

-Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија, соопшти ДТС