Култура
Мишел Трајковски & Скопје Виа ја „запалија“ Будимпешта

На 15. октомври маестро Мишел Трајковски & Скопје Виа одржаа концерт во ОФФ
Култур во Будимпешта пред многубројна унгарска публика која беше воодушевена од
нивниот два и пол часовен настап.
Мишел Трајковски & Скопје Виа се претставија со авторски песни и обработки на
македонски народни песни, ромска музика и балканска музика со кои успеаја да ги
освојат срцата на Унгарците и да направат концерт што долго ќе се памети.
Пред нив свои настапи имаа Оро Негро и Бабра, унгарски музички состави кои ја
негуваат балканската музика.
Со големиот концерт на Мишел Трајковски & Скопје Виа беше затворена
манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта 2025“, организирана
од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Здружението на Унгарците на РС
Македонија и културниот центар Balkan Heritage од Будимпешта кој прераснува во
главен носител на афирмацијата на македонската кутура во Унгарија.
Манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта“ станува
препознатлив и популарен културен настан во Унгарија, а унгарската публика од година
на година станува сѐ помногубројна и позаинтересирана за македонската култура.
Манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта“ е поддржана од
Министерството за култура и туризам на РС Македонија.