Connect with us

Култура

Премиера на „Мало невино убиство“ во велешкиот театар

На големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ вечер во 20 часот премиерно ќе биде  изведена црната комедија „Мало невино убиство“ од францускиот автор Жан – Пјер Мартинез, во режија на Деан Дамјановски. 

Во претставата играат Васил Зафирчев во улога на Алан, Кети Борисовска во улога на Ева и Талија Настова како Ема. Инаку специфично е што публиката во лимитиран број од осумдесетина ќе биде поставена да седи на сцената веднаш до актерите.

Сценографијата и дизајнот на плакатот се дело на Филип Коруновски, а фотографијата на Крсте Шупев. Гласот на нараторот е  на Сашко Костов,

Режисерот на претставата, Деан Дамјановски, во изјавата за МИА,  информира дека се работи за интригантна, динамична црна комедија во која ликовите влегуваат од заплет во заплет, а сè започнува со една навидум мала и невина лага што на крајот се претвора во хаос.

– Станува збор за еден вид на црна комедија,во која има еден основен заплет, едно убиство од што потоа се раѓаат куп апсурдни комични ситуации.Тие се редат со една голема брзина за на крајот да се стигне до едни неочекувани спознанија, потенцира Дамјановски.

Додава дека францускиот автор Мартинез  која е доста поставуван на светските театарски сцени   е познат  по спојување на француска фарса и театарот на апсурдот кој се типични за нивното поднебје.Но појаснува дека  тој многу умешно ги спојуваво секојдневието и тие стануваат  разбирливи за публиката и во глобални рамки..

Инаку претставата „Мало невино убиство“ е втора од авторот Мартинез,велешкиот театар во време на епидемијата направи еден вид интернет театар по  текстот „Тој Таа“.