Култура
Љутков во Белград на премиера на „Уна“ во режија на Дејан Пројковски и Никола Ристановски во главната улога

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера присуствувал на премиерната изведба на претставата „Уна“, во режија на Дејан Пројковски, која се одигра во театарот „Звездара“ во Белград, на сцената „Данило Бата Стојковиќ“.
„Уна“ е работена според култниот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица. Главниот лик во претставата го игра актерот Никола Ристановски.

-Белградската публика со громогласен аплауз и стоечки овации ги награди актерите: Никола Ристановски, кој го игра главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, Магдалена Мијатовиќ во улогата на студентката Уна, Сена Ѓоровиќ како сопругата на професорот, Олга, и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ, соопшти Министерството за култура и туризам.
Сценографијата за претставата е на Валентин Светозарев, костимограф е Ивана Ристиќ, а музиката на композиторот Горан Трајкоски.

-Министерот Љутков истакна дека претставата „Уна“ е уште една потврда за високото ниво на соработка во културната размена меѓу Македонија и Србија, како и за креативната моќ на македонските уметници на меѓународната сцена, се додава во соопштението.
Репризни изведби на „Уна“ се закажани за 13 и 26 октомври во театарот „Звездара“.
октомври 14, 2025