Тенис
Ѓоковиќ и Чилиќ актери на „највозрасниот меч“ на Мастерс 1000 турнир

Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ денеска беа актери на „највозрасниот меч“ на Мастерс 1000 турнир. Ѓоковиќ има 38 години, а Чилиќ 37 или двајцата заедно 75 години со што испишаа уште една страница од тениската историја.
Победа од 2:0 во сетови оствари Ѓоковиќ, кој го доби првиот сет во тајбрејк, а вториот му припадна со 6:4 во гемови.
Двајцата тенисери имаат одличен однос, а тоа го покажаа и по завршувањето на мечот. Ѓоковиќ тоа го комплетираше со порака на социјалната мрежа Инстаграм со зборовите „Царе … Матори смо“.
октомври 4, 2025