Тенис
Фриц избори трето финале оваа сезона

Тејлор Фриц денес го победи Џенсон Бруксби во полуфиналето во Токио.
Мечот заврши во два сета, 6:4 и 6:3.
Фриц се пласираше во своето 19-то финале во кариерата и трето во тековната сезона.
Воедно Фриц ќе го игра своето второ финале на АТП 500 во Токио.
Во 2022 година, Тејлор го освои турнирот, победувајќи го Франсес Тиафо со 7:6(3) и 7:6(2).
Петтиот тенисер во светот во финалето во јапонската престолнина ќе се соочи со Карлос Алкараз или Каспер Руд.
септември 30, 2025