Connect with us

Свет

Кина изрази разочарување од неуспехот на КОП31, но повика на зачувување на довербата во глобалната транзиција кон зелена економија

Кина изрази разочарување од неуспехот на климатската конференција на ОН КОП31 во Турција, но посочи дека непостигнувањето консензус не смее да ја поткопа довербата во мултилатералните процеси.

Форумот во турскиот град Анталија заврши без усвојување заедничка политичка декларација, откако ЕУ и низа други држави отфрлија нацрт-одлука во која недостигаше јасна обврска за напуштање на фосилните горива.

Пекинг ќе продолжи да се однесува одговорно и да соработува со сите земји за постигнување „заеднички напредок во глобалната транзиција кон зелена и нискојаглеродна економија и одржлив развој“, изјави на редовната прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун. 

Ad
Ad