Connect with us

Политика

Стојаноски: Сите четири еврообврзници што достасуваат од 2025 до 2028 година се издадени во периодот на владеењето на СДС и ДУИ

7 години – 3 еврообврзници.
4 години – 4 еврообврзници.

Бројките ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира.

Во периодот 2017 – јуни 2024 биле отплатени 3 еврообврзници во вкупна главнина од 1,22 милијарди евра. За 7 години мандат.

Во периодот 2025 – 2028, за само четири години, доспеваат 4 еврообврзници во вкупна главнина од 2,4 милијарди евра – од кои 1,2 милијарди евра веќе се отплатени, а уште 1,2 милијарди евра следуваат во 2027 и 2028 година. За 4 години мандат.

И ова е само главнина, без камати.

За четири години доспева речиси 100% поголема главнина по еврообврзници отколку што била отплатена во претходните седум години.

И уште еден клучен факт: сите четири еврообврзници што доспеваат од 2025 до 2028 година се издадени во периодот 2018 – 2023.

Затоа, кога се зборува за јавниот долг, мора да се каже целата вистина:

За 7 години – 3 отплатени еврообврзници.

За 4 години – 4 еврообврзници за сервисирање.

Не е исто кој создава обврски и кој мора да ги сервисира кога ќе доспеат.

Одговорност значи обврските да се плаќаат навреме, а државата истовремено да продолжи да инвестира и да се развива.

Ad
Ad