Connect with us

Хроника

МВР: Лишени од слобода 15 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило

Лишени од слобода биле 15 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснија од МВР, во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 15 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик

– Од нив, Б.А.(21) од Куманово, З.Т.(41) од село Сенокос, општина Долнени, С.С.(34) од Битола, Т.З.(22), Ф.А.(28), М.Б.(28) и Д.Б.(20), сите од Скопје, управувале без возачка дозвола, С.С.(38) од Кавадарци, Е.Ф.(31) од Гостивар, Д.С.(32) од Пробиштип возеле под дејство на алкохол, додека пак Ј.С.(46) од Куманово, Д.Р.(38) од општина Долнени, Д.Т.(26) од Радовиш, Б.А.(63) и З.П.(40), двајцата од Скопје, управувале за време на претходно изречена забрана за управување на возило – соопштија од МВР.

По целосно документирање на случаите, додадоа од МВР, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Ad
Ad