Свет
Самитот на ОН за климатските промени заврши без договор, откако ЕУ и други земји го отфрлија нацртот во кој нема одредби за фосилните горива
Нацрт-финалната декларација на самитот на ОН за климатските промени COP31 во Анталија не беше усвоена, откако Европската Унија и неколку други земји го отфрлија текстот поради изоставување на одредбите за напуштање на фосилните горива.
– Европската унија ја отфрли нацрт-финалната декларација на самитот на ОН за климатските промени COP31 во Анталија, изјави денеска ирскиот министер за клима, Дара О’Брајан, кој како причина за тоа, тој го наведе фактот дека во документот не се спомнати фосилните горива, објави ДПА.
Изјавата на Ирска, која претседава со Советот со ЕУ, ги зголемува сомнежите дека делегатите на овогодишната конференција на ОН за климатските промени ќе можат да постигнат консензус за финален документ во кој ќе бидат наведени мерките за ублажување на ефектите од глобалното затоплување.
Дел од земјите беа незадоволни бидејќи презентираните нацрти не ги споменуваат експлицитно плановите за постепено откажување од нафтата, гасот и јагленот, барање на кое се спротивставија земјите производители на нафта.
„Неприфатливо е да има документ за климатските промени во кој воопшто не се спомнуваат фосилните горива, ниту пак се споменува транзицијата од нив“, рече О’Брајан.
ноември 23, 2026


