Connect with us

Свет

Иранските дипломати не можат да пазаруваат во продавниците во САД

Иранските дипломати, кои присуствуваат на седницата на Генералното собрание на ОН, не можат да купуваат во американските продавници.

Според декретот објавен во американскиот Службен весник, иранските дипломати не можат да пазаруваат во американските продавници „Кастко“ (Costco), „Сем’с клаб“ (Sam’s Club), Би-џи’с холсел клаб“ (BJ’s Wholesale Club) и други.

Во декретот се посочува и дека иранските дипломати за да купат луксузни артикли додека се во САД треба да добијат дозвола од Бирото за странски мисии на Стејт департментот. Како луксузна стока се дефинираат производите што чинат повеќе од илјада долари.

– Нема да дозволиме иранските религиозни елити да купуваат во САД, додека го принудуваат сопствениот народ во Иран да страдаат од сиромаштија и сериозен недостиг на основни потреби, објави на платформата Икс заменик-портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.