Connect with us

Тенис

Надал ги предупредува фановите за лажни видеа што го користат неговиот лик за измами

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал откри дека неговиот лик се користи за промовирање измамнички шеми.

– Го објавувам ова предупредување, иако обично не го правам ова на социјалните медиуми, но мислам дека е важно. Мојот тим и јас откривме лажни видеа на некои платформи, создадени со вештачка интелигенција. Тие прикажуваат личност која изгледа и звучи како мене.
Овие видеа нудат инвестициски совети и даваат понуди што немаат никаква врска со мене. Ова е дел од шема за погрешно рекламирање.
Ве молам имајте предвид, Јас не создадов ниту поддржав таква содржина.
Ви благодарам за вашата поддршка! – напиша Надал на социјалните медиуми.

По завршување на богатата тениска кариера, Надал сè повеќе се посветува на бизнис проекти.

Шпанецот отвори сопствена тениска академија, која се смета за една од водечките во светот, до лансирање на сопствен бренд за облека.

Тој одлучи и да инвестира во хотелската индустрија.