Connect with us

Фудбал

Ираола: Истанбул секогаш бил посебен за Ливерпул

Премиерлигашот Ливерпул со поразот во дербито од Премиер лигата од Арсенал (0:1) влегува во утрешниот дуел од Лигата на шампионите на гости против Фенербахче во Истанбул. Но, токму во градот на Босфор Ливерпул го доби финалето во ЛШ против Милан, кога губеше со 3:0 и по изведување на пенали ја освои европската титула, а во 2019 година го освои и Супер куп против Челзи исто со победа по изведување пенали.

–  Мислам дека Истанбул секогаш ќе биде посебен за Ливерпул. Тешко е да се најде подобра вечер во фудбалот, враќање како она во толку важна вечер. А кога зборуваме за утре, знаеме дека нема да биде лесно. Секогаш е тешко да се дојде во Турција и да се игра. Натпреварите на гости во Лигата на шампионите се тешки и го знаеме ова, особено на овој стадион. Во оваа атмосфера, мора да бидеме ментално многу подготвени да започнеме силно. Мислам дека мора да се обидеме да ја контролираме играта, да не им дозволиме да добијат самодоверба затоа што се и искусни играчи; тие знаат како да играат ваков вид игра во ова натпреварување. Значи, колку посилно почнеме, толку помалку шанси треба да му дадеме на Фенербахче, бидејќи во спротивно ќе бидат опасни, изјави менаџерот на Ливерпул Андони Ираола.

Ираола нема да може да смета на повредениот Рајан Гравенберх, што е новост во однос на неделниот дуел со Арсенал. Ливерпул заедно со европскиот првак ПСЖ, Астон Вила, Реал Мадрид и Бетис се петте екипи кои имаат максимални девет бодови.

Ad
Ad