Connect with us

Регион

Мицотакис најави намалување на ДДВ на производите за лична хигиена на жените за време на менструацијата

Намалување на ДДВ-то од 24 на 13 отсто за производите за лична хигиена на жените за време на менструацијата, со можност во иднина да се воведат и бесплатни производи за девојките од социјално загрозените области, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерката за намалено ДДВ ќе се воведе на 1 јануари 2027 година, а грчкиот премиер посочи дека менструацијата е биолошка реалност и претставува дополнителен финансиски товар за жените, додавајќи дека постојат девојки кои не користат производи за менструација, затоа што едноставно не можат финансиски да си ги дозволат.

– Она што можам да кажам е дека му дадов наредба на министерот за финансии, во предлог-законот што ќе биде изгласан следната недела со мерките соопштение на Меѓународниот саем во Солун, да се намали ДДВ за производите за менструација од 24 на 13 отсто, за да се изедначи со она за пелените и млекото за бебињата, објасни Мицотакис.

Додаде дека намалувањето ќе резултира со мало финансиско олеснување при купувањето на овие производи, но и дека „станува збор за чекор кон елементарна социјална и родова правда“, за трошокот што го немаат сите секој месец.

На прашањето на новинарите, зошто ДДВ-то да не биде сведено на нула, па дури и да се следат примерите на земји во кои овие производи бесплатно се обезбедуваат во училиштата, Мицотакис рече дека ќе ја разгледаат и можноста за воведување пилот-програми, особено за девојки во социјално загрозените подрачја

– Втората работа што ја побарав од надлежната заменик-министерка е да разгледаме воведување насочени програми за бесплатно обезбедување производи за менструација во училиштата, за младите девојки во посоцијално загрозените подрачја на нашата земја, со цел на овој начин да можеме да обезбедиме дополнително финансиско олеснување за трошок што е целосно неизбежен, објасни Мицотакис.

Ad
Ad