Connect with us

Свет

Пјонгјанг соопшти дека тестирал „дисперзивна боева глава“ за крстосувачки ракети

Северна Кореја тестираше „дисперзивна боева глава“ за стратегиска крстосувачка ракета, јавија денеска државните медиуми.

Тестирањето било спроведено вчера, соопшти државната новинска агенција ЦКНА.

Боевата глава била „способна со својата највисока густина на моќност да претвори во пепел целна област од 5 до 6 хектари“, пренесе ЦКНА. Тврдењата не можеа независно да се потврдат, нагласува ДПА.

Северна Кореја во саботата тестираше касетна бомба што може да се монтира на тактички балистички ракети. На земјата ѝ е забрането да лансира балистички ракети според повеќе резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации. 

Ad
Ad