Connect with us

Економија

Славески: Кредитите од Алта Банка треба редовно да се отплаќаат

Граѓаните и компаниите кои имаат кредити во „Алта банка“ АД Битола треба да продолжат навремено да ги исполнуваат своите финансиски обврски, и покрај воведената привремена администрација.

Ова го порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, нагласувајќи дека мерките се насочени кон заштита на имотот на банката и интересите на штедачите.

Воведувањето администрација не значи прекин на кредитните обврски, а банката продолжува да функционира под привремено управување на лица назначени од Народната банка.

Ad
Ad