Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Тетовска Шкендија ја совлада Брегалница

Фудбалерите на тетовска Шкендија победнички се враќаат од гостувањето во Штип откако вечерва во рамки на 12. коло во ПМФЛ триумфираа над домаќинот Брегалница со 2-1.

Лидерот на табелата дојде во водство во 3. минута со погодокот на Ндзенгуе, но домашниот тим до крајот на полувремето го израмни резултатот во 39. минути преку Стојковски.

Нерешениот резултат беше активен на градскиот стадион во Штип до 74. минута кога нововлезениот Ѓоргиевски ѝ донесе победа Шкендија со својот дебитантски гол во новата сезона.

Брегалница во самиот финиш пропушти колосална шанса втор пат да го израмни резултатот и да избегне пораз, но Николов во 94 минута не реализираше пенал. 

Претходно денеска во премиерниот натпревар од 12. прволигашко коло, Шкендија Арачиново и Тиквеш одиграа нерешено 1-1.

Утре на програмата се преостанатите три натпревари меѓу Скопје – Силекс, Башкими – Арсими и Вардар – Струга.

Табела: Шкендија 27, Струга 23 (-1), Тиквеш 21, Вардар 21 (-1), Силекс 16 (-1), Шкендија Арачиново 15, Брегалница 13, Арсими 10 (-1), Башкими 7 (-1), Скопје 3 (-1). 

Ad
Ad