Connect with us

Хроника

Контрола во угостителски објект во Карпош, приведени осум лица поради присуство на малолетници под дејство на алкохол

Осум лица биле приведени во Полициската станица Карпош по полициска контрола во угостителски објект во оваа скопска општина, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба. При извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека денеска полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, Единицата за внатрешни работи – Одделението за криминалистички работи Карпош, постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетни лица, извршиле контрола во угостителски објект на подрачјето на општина Карпош.

Едно лице кое било присутно во угостителскиот објект било пренесено на Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

По целосно документирање на случајот, против одговорните ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик, кој се однесува на „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“, соопштуваат од МВР. 

Ad
Ad