Connect with us

Кошарка

НБА: Филаделфија по голем пресврт до втора победа

Кошаркарите на Филаделфија ја забележаа втората победа во вториот натпревар од новата НБА сезона, совладувајќи го Кливленд со 114-106 на домашен терен.

Филаделфија има две победи на почетокот од новата сезона, по премиерниот триумф над шампионот на Њујорк, додека ова беше прв натпревар на Кливленд.

Домашниот тим дојде до победата по неверојатен пресврт, откако гостите од Кливленд водеа со дури 29 поени на крајот од втората четвртина (69-40). Голем дел од предноста се стопи во третата четвртина, а Филаделфија направи целосен пресврт во последната четвртина.

Тајрис Макси беше најефикасен во редовите на Филаделфија со 32 поени, додавајќи и шест асистенции. Џоел Ембид придонесе во триумфот со 24 поени, додека Џејлен Браун уфрли 21 поени, надополнети со осум скокови и четири асистенции.

Најдобар кошаркар во редовите на Кливленд беше Донован Мичел со 32 поени.

Ad
Ad