Култура
„Млечни прозори“ – нова стихозбирка на Марина Мијаковска објавена во Белград
Македонската поетеса Марина Мијаковска ја објави стихозбирката „Млечни прозори“ во Србија.
Стихозбирката содржи избор поезија од неколкуте впечатливи стихозбирки на Марина Мијаковска: „Номадска душа“; „Куфери“; „Психоаналитичка алхемија од страсти“; „Постела на тишината“; „Коскена“ и „Свилени времиња“.
Книгата е објавена од книгоиздателство „Арте“ од Белград, а главен и одговорен уредник е Миодраг Јакшиќ.
Стихозбирката „Млечни прозори / Млечни прозорци“ е објавена двојазично, на македонски јазик и во препев на српски јазик. Препевот на српски го направија Марина Мијаковска и Миодраг Јакшиќ.
Ова е прво дело на Мијаковска објавено на српски јазик.
Стихозбирката „Млечни прозори / Млечни прозорци“ од Мијаковска ќе биде промовирана на 31 октомври (сабота) во 15 часот во салата „Васко Попа“ на 69. издание на Меѓународниот саем на книгата во Белград.
октомври 21, 2026


