Connect with us

Хроника

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко, приведени три лица

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес
вчера, околу 15:10 часот, во село Теово, Општина Чашка, лишиле од слобода три лица поради сомнение за незаконско постапување со огревно дрво.

Како што соопшти МВР,  станува збор за Б.Н. (53) од село Лисиче, С.К. (33) од село Горно Врановци и 57-годишна жена од Велес.

При контрола на теренот, на местото викано „Присој“, во атарот на село Теово, било затекнато товарно возило „МАН“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво. При проверката било утврдено дека дел од дрвата немале жиг, додека други биле со жиг.

Според информациите од полицијата, Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација за дрвата. Дополнително, било утврдено дека дрвата со жиг биле обележани со службен „чекан“ кој, според пријавеното, им го дала Б.К., вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ – Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител. Дрвата и останатите предмети биле одземени, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Ad
Ad